(ФОТО) Возачот на Формула 1 – Фернандо Алонсо доживеал несреќа со велосипед

Возачот на Формула 1, Фернандо Алонсо, доживеал сообраќајна несреќа додека возел велосипед, во близина на Лугано, Швајцарија.

Од редовите на Алпин, новиот тим на Алонсо, објавија дека 39-годишниот Шпанец е свесен и се чувствува добро, но подетални медицински прегледи ќе ги има во петок наутро.

Според информациите до кои дошла Gazzeta dello Sport, двократниот Ф1 шампион доживеал сообраќајна несреќа, а според новинарот на Би-Би-Си, Ендру Бенсон, по тој повод, на Алонсо му била скршена вилицата и ќе биде префрлен во Берн кај специјалист за вакви повреди.

Вкупната ситуација, сепак, не треба да влијае на неговата подготвеност да ја започне сезоната, која е закажана за 28. март во Бахреин.
Да потсетиме, возачот од Овиедо, после две години се врати во Формула 1, за време на „паузата“ тој ја освои 24 часа Ле Ман, учествуваше на релито Дакар и на натпреварот Индијанаполис 500.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Филм за Шумахер кој е поддржан и од неговото семејство

Од несреќата што му се случи на скијање, речиси ништо не се знае за Михаел …