КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА: Има два механизми за вакцинација, матичните лекари вклучени во процесот

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус” на ТВ 21, се осврна на начините за регистрација за вакцинирање и појасни дека има два механизми за вакцинација.

„Првиот механизам е преку матичниот лекар кој ја испитува волјата. Вториот е сајтот кој со внесување на матичниот број на граѓанинот го наоѓа неговото електронско досие во системот Мој Термин според алгоритмот на возраст, хронични болести итн. Ја дава приоритизацијата на граѓаните за вакцинација и ги известува матичните лекари за да го известат граѓанинот. Близу 70% од здравствените работници изразиле интерес за вакцинација и тие ќе бидат први за вакцинација. Понатаму лицата над 70. години. Со мечирање на хроничните болести се прави список за известување кон матичните лекари, понатаму матичните лекари треба да ги известат своите пациенти и да ги прашаат дали сакаат да се вакцинираат и тој податок да се внесе во Мој Термин. Имав средба со претседателката на матичните лекари која укажа дека има матични лекари кои имаат многу прикрепени пациенти, но и такви кои имаат помалку. Сепак искажа подготвеност да им укаже на колегите дека нивната улога во процесот е многу важна”, потенцирал Филипче.
Тој констатирал дека матичните лекари во еден дел имаат и административна работа.
„Тоа беше причина зошто уште на почеток, пред кризата се зголеми капитациониот бод, што е сериозно финансиско зголемување. Почнавме и една реформа која, за жал, запре заради ковид кризата, а со цел матичните лекари да можат да дадат екстра услуги. Целта беше да се вработи евентуално уште еден административен работник, за да матичните лекари целосно и многу повеќе се посветат на своите пациенти”, рекол Филипче.
На прашањето зошто матичните лакари се вклучени во системот, Филипче рекол дека сепак во крајниот повик, треба да се направи разговор со мини анамнеза за моменталната здравствена состојба на пациентот, а тоа мора да биде од страна на матичниот лекар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …