(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) СТРАШНО – Жена отишла на операција на градите а се разбудила со огромен задник:„Животот ми е уништен!

Таа сакала да ги зголеми градите, но пластичниот хирург погрешно си ја завршил работата
Лјубов Лафер, се одлучила за естетски корекции по долго размислување и консултација со хирург. Нејзиниот живот се претворил во пекол, кога после операцијата се разбудила од анестезијата, за која платила 4.000 фунти.
Имено, Лјубов, која по професија е психолог, сакала да ги отстрани веќе постоечките силикони од градите, но хирургот ја советувал да направи корекција и да ја поправи нивната форма со инјектирање маснотии што ќе ги земат од другите делови на телото. Жената се согласила на неговиот предлог и отпатувала во Русија на операција, а кога пристигнала во болницата, добила информација дека тој нема да може да ја оперира, бидејќи му излегле нови обврски, така што неговиот колега ќе ја изврши постапката.


Иако беше многу исплашена, им верувала на експертите и му објаснила на докторот сè што се договорила со претходниот хирург, од каде ќе ги отстрани маснотиите и дека ако има вишок, ќе и вбризгаат малку во задникот.
По операцијата, доживеала целосен шок, кога се разбудила со огромен задник, како Ким Кардашијан. Таа се разбудила од неподнослива болка и без кислород.


„Се согласивме дека тоа оди во задник, но во многу мала количина. Погледнав во градите и се замрзнав. Изгледаа ужасно, а задникот беше огромен. Ми вбризгаа премногу маснотии, не го сакав тоа“, објаснувајќи дека има само 55. килограми, и дека хирургот ставил дури два литра маснотии во задникот.
„Поради постапката, имам опуштени, нескладни гради и ментална траума. Изгледам како стомакот да ми е поделен. Изгубив сè, работата и семејството затоа што не можам да спијам во иста просторија со сопругот, бидејќи тој се плаши да ме прегрне“, изјавила мајката на три деца.
Жената одлучила да ја сподели својата приказна на социјалните мрежи, но лекарот и сопственикот на клиниката ја тужеле но и го загубиле судскиот спор.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Поранешниот словенечки претседател го продава својот автомобил од 1991 година

Пред неколку дена Борут Пахор се пофали дека неговиот Рено 4 и официјално станал олдтајмер. …