Белиот КОРЕН е антибиотик, јадете и пијте го, но ИЗРЕНДАН се јаде само одреден број денови

Многумина велат дека ренот е подземно чудо на медицината.
Неговата најважна карактеристика е тоа што има изразен антимикробен ефект, односно му помага на организмот да уништи вируси и бактерии. Сокот од рен разреден со вода е добар за плакнење на воспалено грло и непца. Покрај финтоцид – природен антибиотик што го содржи, овој корен е богат и со лизозим, протеин со антибактериско дејство кој се користи и во официјалната медицина.


Ренданиот корен од рен може да се чува до една недела, по што губи многу корисни својства. Затоа е најдобро да се јаде свежо рендан, бидејќи тогаш го стимулира дигестивниот систем, лечи воспалени уринарни патишта, а има и силно својство на диуретик, што помага да се исфрлат камењата во бубрезите. Исто така е корисно во случај на циститис, гихт и ревматизам.
Ренданиот корен се чува само една недела!


Ренот е неопходен како домашен лек против кашлица и респираторни заболувања. Исто така, ренот ја намалува жедта, и затоа, поради намалената потрошувачка на течност, го регулира и нивото на шеќер во крвта, што е добро за дијабетичарите.
Во студените зимски денови, може да ви помогне да дишете. На загреаната рингла ставете тенџере со рендан рен и малку вода. Кога ќе почне да испарува, тргнете го тенџерето од шпоретот, наведнете ја главата, покријте ја главата со пешкир и вдишувајте ја пареата до десет минути. Најдобро е тоа да го направите ова пред спиење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Карфиолот е храна што има ПЕТ супер моќи

Оваа супер храна го заслужува вашето внимание. Ако некогаш сте во дилема што би можеле …