НАУЧНА СТУДИЈА најавува револуционерен лек против дебелина

Инјекцијата на лекот наречен семаглутид се дава еднаш неделно и им помага на дебелите луѓе да изгубат околу 15. проценти од својата тежина за 16. месеци, велат научниците чија студија е претставена во списанието The New England Journal of Medicine и се смета за почеток на нова ера во третман на дебелината.
Семаглутид е лек кој го зголемува производството на инсулин. Но, се чини дека исто така го потиснува апетитот.
„Слабеењето со семаглутид се постигнува со намалување на апетитот, што се смета дека е резултат на директни и индиректни ефекти врз мозокот“, напишале докторот Роберт Кушнер и неговиот тим во нивниот извештај.Тие тестирале 1.961 лице со одвишни килограми. Со планот на исхрана и вежбање, една третина од испитаниците добиле плацебо, а две третини семаглутид, пишува Си-Ен-Ен.
„Од почетокот на тестирањето до 68-та недела, групата што примила лек изгубила 14,9 проценти од телесната тежина, во споредба со 2,4 проценти колку во просек загубила групата што примила плацебо“, напишал тимот на Кушнер. Просечното губење на тежината со семаглутид било 15,3 кг.
Сепак, скоро три четвртини од луѓето кои примиле лек имале проблеми со гадење, дијареја, повраќање или запек, забележуваат истражувачите.


Треба да се додаде дека 80% од волонтерите, во меѓувреме, се откажале од тестот, кој траел скоро година и пол, но научниците сметаат дека има и такви кои би прифатиле да примаат инјекција еднаш неделно, што ќе им обезбеди губење на тежината.
„Во моментов одобрените лекови за дебелина бараат примена еднаш или три пати на ден, така што режимот еднаш неделно може да го олесни придржувањето“, напишале тие. Исто така, со претходно одобрени лекови, можно е да се изгубат три до седум проценти од телесната тежина, што има прилично мал ефект во споредба со резултатите од семаглутидот.
Д-р Џли Ингелфингер и д-р Клифорд Росен од универзитетот Тафтс, кои не биле вклучени во студијата, го нарекле „добар почеток“ и ги оцениле резултатите како охрабрувачки, но исто така ги препознале и големите слабости на истражувањето.
„Прво, демографијата во ова истражување не ја рефлектира целата американска популација. Повеќето од учесниците беа бели, со само 6% Афроамериканци и 12% Латиноамериканци, додека скоро 40% од населението во САД не е бело“, напишале тие во коментар во The New England Journal of Medicine, а укаѓале и на тоа дали се следело дали лекот обезбедува долгорочни резултати.

Фото: Илустрации

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славната тенисерка родила девојче и открила кое популарно име и го дала

Каролина Возниацки стана мајка. Поранешната данска тенисерка со нејзиниот сопруг и поранешна НБА sвезда Дејвид …