Кога ќе ви се пријаде нешто слатко и кремасто оваа торта е вистинскиот избор
Состојки:
400 – 500 г бисквити
400 мл слатка павлака
4 – 5 лажици шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
1 – 1,5 лажици какао
Глазура:
60 – 70 г чоколадо за готвење
100 – 120 мл слатка павлака
View this post on Instagram
Подготовка:слатката павлака, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер ставете ги во сад и матете со миксер додека не добиете густ крем. Смесата поделете ја на два дела и во еден вмешајте го какаото.
Правоаголна кутија од сладолед обложете со прозирна фолија па на дното ставете половина од светлиот крем. Над тоа наредете бисквити па повторно светол крем, повторно бисквити па темен крем, потоа бисквити па темен крем и завршете со слој бисквити.
Тортата покријте ја со фолија и ставете во фрижидер на 1 – 2 часа да се стегне.
За глазурата ставете ја слатката павлака да се загрее но до вриење, не смее да зоврие и полијте врз искршеното чоколадо. Убаво измешајте да добиете хомогена смеса.
Извадете ја тортата од фрижидер, отстранете ја фолијата и полека превртете на тацна.
Истурете ја глазурата, оставете малку да се излади па украсете и послужете.
За детали погледете го видеото.
Фото: Принтскрин