(ФОТО) МАКЕДОНСКАТА ПЕЈАЧКА, ИВАНА ЈО, РЕШИ ДА БИДЕ СВОЈА: „Буквално цел живот сум учена дека дебелите девојки носат само широка облека“

Младата кумановка која пред неколку години имавме можност да ја запознаеме на „Ѕвездите на Гранд“ каде доби многу комплименти за својот глас, во меѓувреме не престана да пее но ниту да ги следи трендовите според кои девојките мораат да бидат тенки, скоро на работ на анорексија.
Ивана во својот живот имаше период кога ја промени исхраната, ослабна, одеше на вежбање, но се чини дека решила ДА БИДЕ ТОА ШТО Е!
Ивона Јо позирала во тесен фустан а фотките ги постави на својот профил на Инстаграм каде напиша: „Прекривајќи се со парчиња и слоеви гардероба, се покривав себе и својата индивидуалност и женственост цели 24. години“.
Ивона Јо, пејачка и инфлуенсерка од Куманово, на својот Инстаграм профил, каде има 25.000 следбеници, постојано поттикнува дебата на одредени теми.
Овојпат таа отворено проговори за проблемот на полничките девојки и недоволната самодоверба и слобода да ги носат парчињата облека што им се допаѓаат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Таа одлучи да стави крај на тоа и позираше во провокативен, тесен фустан.
Во описот на фотографиите напиша:
„Буквално цел живот сум учена дека дебелите девојки носат само широка облека, покриен задник со џемпер. Што е можно повеќе слоеви на гардероба за да не се види дека е вишокот залепен. Вишок кој општеството го карактеризира како дебела, грдотија, не се грижи за своето здравје, како може да си дозволи на тоа тело хеланки или пак танги и слично.
Прекривајќи се со парчиња и слоеви гардероба, се покривав себе и својата индивидуалност и женственост цели 24 години.
И најтешко од сѐ знаете што е? Моментот кога ќе сфатиш дека си почнал и ти така да размислуваш. Моментот кога се фаќаш во денот како освен низа на негативни реченици ти немаш што убаво да си кажеш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Затоа решив да посветам ден за себе. Ден кога ќе го облечам моделот кој секогаш сум замислувала дека го носам. И знаете што? Додека се фотографирав јас се чувствував исклучително убаво и посакувано од своја страна. Бев тргната од рамките на размислувањето кој и што ќе каже. И после ова објавување навистина ќе се стремам тоа да е така.
Вистинската тајна во постигнување на комплетна самодоверба не е да престанеш да се грижиш што другите ќе кажат за тебе, туку што имаш ти да си кажеш на себе.
Избери приоритет и грижи се за себе. Затоа што тоа е единствениот пат кој води до себеприфаќање“.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …