(ФОТО) Исповед на Ким Новак: „Избегав од Холивуд за да преживеам“

Иако имаше одлична кариера во Холивуд, Ким Новак решила да остави сè пред 30. години, а за вистинските причини за напуштањето собрала сили да зборува само со децении, во нејзината книга „Ким Новак: Нејзината уметност и живот“.
Потребни беа децении фановите на Ким Новак конечно да ја дознаат вистината. Во пресрет на објавувањето на нејзината нова книга „Ким Новак: Нејзината уметност и живот“, сега веќе пензионираната 87-годишна актерка, која се занимава со сликарство, дала интервју за списанието „People“, а во него таа открила сè во врска со нејзината одлука да го напушти Холивуд.
„Морав да заминам за да преживеам. Едноставно, се изгубив себеси и тоа што сум. Се трудев се од себе да го зачувам мојот идентитет во Холивуд и би им порачал на сите да сторат се што е потребно за да се заштитат“, изјавила отворено ѕвездата на класикот „Вртоглавица“ на Хичкок.
Оние кои ја познавале во тоа време тврдат дека таа навистина се борела за себе, што било прилично тешко и предизвикувачко за една жена во Холивуд во тоа време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Pauline Novak (@kim__novak)

„Бев заслепена, но и вознемирена кога видов како ме претставуваат како холивудски секс симбол. Но, како и да е, успеав да си го вратам идентитетот. Не сакав да му дозволам на Хари Коун, тогашниот шеф на ‘Колумбија Пикчрс’, да ми забрани да го користам семејното име Новак. Се држев до тоа и ја добив својата прва битка“, напишала Ким Новак, родена како Мерилин Полин Новак, на почетокот на нејзината книга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Pauline Novak (@kim__novak)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) За што зборувале кралските браќа? Експертите читале од усните!

По погребот на принцот Филип, нивниот дедо, принцовите Хари и Вилијам биле забележани како заедно …