(ФОТО) Возач во Србија пуштил куче во автобус: Другиот ден го дочекало изненадување!

На Твитер се шири топла приказна од Србија. Еден возач на 7. февруари пуштил куче во автобус да се загрее. Следниот ден го дочекало изненадување.
Кучето го чекало на истото место и заедно ги возеле патници на линијата Батајница – Нова Пазова.
Патниците ги трогнал овој прекрасен гест на возачот, па ја фотографирале сцената, која стана вирална. Објавата собрала над 6.500 лајкови и ја споделиле повеќе од 600 луѓе.

„Воодушевена сум секогаш кога ќе видам колку има луѓе кои сакаат кучиња и прават добри дела. Мило ми е што сè уште сме мнозинство”, коментирала една жена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Дознал дека има рак па отишол кај пријател да ја избричи главата: Неговата реакција го расплакала! Ова се нарекува пријателство

Кога дознал дека има рак, Нефтали Мартин не знаел „каде удира“ и што да прави. …