Каде оди фудбалот? На клубовите две милијарди фунти од Супер Лига на шампионите!

Фудбалот долго време, даваше отпор, но сега станува реалност дека се создава затворена лига на богати клубови.
Од 2024. година нема да има Лига на шампиони како што сме навикнати, бидејќи Супер Лигата на шампионите се создава во договор меѓу најголемите клубови и УЕФА.
УЕФА планира постепено да ги проширува натпреварувањата и сега тековните 125 натпревари ќе станат 225, што е за околу 80 проценти повеќе, пренесуваат медиумите од Островот.
Сепак, останува прашањето, колку тоа би влијаело на домашните шампионати?
Во голема мера, дури се вели дека одредени национални купови може да бидат загрозени, како што е Лига купот во Англија.
Она што сега е приоритет е да се утврди системот на натпреварување што е можно поскоро, без разлика дали по групи или лига, бидејќи има спротивставени мислења, а претседателот на УЕФА Александар Чеферин работи на тоа со клубови и фудбалски асоцијации.
Затворената Супер лига на шампиони ќе создаде веќе голем јаз меѓу богатите и „помалите“ клубови,и сето тоа поради пари.
И’ револтите на најголемите клубови да добијат многу поголем дел од колачот …
Во ваква лига се верува дека радиодифузерите ќе плаќаат многу повеќе пари, исто како и спонзорите, билетите ќе бидат многу скапи.
Затоа, со право прашуваме, каде оди фудбалот?

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КАПИТЕНОТ НА ШВАЈЦАРИЈА – Џака победата против Србија му ја посветил на косовскиот херој, а потоа смислил генијален начин ФИФА да не го казни

Синоќешната средба меѓу Србија и Швајцарија изобилуваше со инциденти, а и по средбата ситуацијата не …