ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ПАРКИРАТЕ – Голема акција за подигнување на непрописно паркирани возила од јавните површини на Чаир

Во последниве 3 месеци екипите на ЈП „Градски паркинг“ имаат санкционирано и подигнато 172 возила од територијата на Чаир и Бит-пазар.

Градот Скопје во континуитет спроведува акции во сите скопски општини за санкционирање на сите несовесни возачи кои непрописно ги паркираат нивните  возила на јавните површини и прават прекршоци по основ на паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Во рамките на овие активности денеска се спроведува голема акција за санкционирање и отстранување на овие возила со специјалните возила пајак на територијата на општина Чаир. Во последниве 3 месеци екипите на ЈП „Градски паркинг“ имаат санкционирано и подигнато 172 возила од територијата на Чаир и Бит-пазар.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Денеска е спомен на Преподобен Јосиф Песнописец: „Човек Божји, ангел во тело, отец на отците“

Македонската православна црква денес го одбележува споменот на Преподобен Јосиф Песнописец, кој потекнуваше од Сицилија. …