(ВИДЕО) Чоколадна крем торта – БЕЗ ПЕЧЕЊЕ!

Ако ви се јаде торта која е со многу крем и е чоколадна, а не треба да се пече тогаш задолжително испробајте го овој рецепт.
Состојки:
1,2 литри млеко
2 кесички пудинг од чоколадо
10 лажици шеќер
2 лажици нишесте
150 г путер
100 г чоколадо за готвење
500 мл слатка павлака
300 г плазма бисквити
прстофат сол
неколку капки рум
200 г млечно чоколадо
по желба печени лешници за наросување


Подготовка:од 1,2 литри одвојте 400 мл а остатокот истурете го во соодветен сад па додајте 10 рамни лажици шеќер и ставете да се загрева на ниска температура. За тоа време во оние 400 мл вмешајте ги двата пудинзи и 2 лажици нишесте па истурете во врелото млеко и сварете пудинг.
Во врелиот пудинг додајте го путерот па малку матете со миксер. Од 500 мл слатка павлака одвојте ја половината и изматете со миксер па додајте во ладниот пудинг, кој додека се ладел сте го покриле со прозирна фолија (да не се фати коричка). Измешајте рачно или со миксер. Потоа пудингот поделете го во два сада. Во едната нека има малку повеќе фил. Таму каде што има помалку фил додајте ја мелената плазма и измешајте. Во садот со повеќе фил додајте го истопеното чоколадо за готвење и неколку капки рум и убаво измешајте. Ако не сакате алкохол додајте рендана коричка од портокал или ванила. Во калап за торта со дијаметар од 26. см со лажица убаво притиснете ја смесата со плазма па префрлете во фрижидер убаво да се стегне. Полијте со чоколадниот фил, израмнете и вратете во фрижидер.


Пред да ја извадите тортата од фрижидер направете го чоколадниот ганаш – загрејте ја преостанатата слатка павлака, но до вриење (а да не зоврие) па ставете 200 г млечно чоколадо и прстофат сол и измешајте убаво па истурете врз цврстиот фил. По желба украсете со печени и сечкани лешници – бадеми, ореви.

Фото: Принтскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …