(ВИДЕО) Скијач на Алјаска бил каснат од кафеава мечка и одлучил да глуми дека е мртов: Спасен е!

Хеликоптер за спасување во саботата однел скијач, кој бил нападнат и каснат од кафеава мечка на Алјаска, во болница.
Човекот бил дел од група која се искачувала на планина во близина на Хаинс, Алјаска, и за време на нападот се здобил со повреди на главата и раката.
Одделот за риби и дивеч на Алјаска соопштил дека жртвата ненамерно разбудила кафеава мечка во дувло, мајка која веројатно го штитела своето младенче.
„Кога мечката го нападнала скијачот, во еден момент сфатил дека е најдобро да се преправа дека е мртов, што беила добра идеја во тие околности“, изјави биологот Карл Кох за Си-Ен-Ен.

„Тие имаа ткаенина со јаки бои за да му дадат сигнал на пилотот, тоа беше апсолутно пресудно“.
Спасувачки хеликоптер ги пронашол нападнатиот човек и уште двајца скијачи на околу 10. километри северозападно од Хаинс на надморска височина од околу 490. метри.
Кога пристигнале спасувачите, жртвата сè уште била свесна. Двајца други скијачи му укажале прва помош и контактирале со крајбрежната стража.
„Користејќи го нивниот сателитски комуникациски уред, утврдивме прецизни GPS координати и надморска височина. Исто така, и што е важно, скијачите имаа ткаенина со јаки бои за да му сигнализираат на пилотот на хеликоптерот. Тоа беше апсолутно клучно за да се најдат навреме”, рекол копилотот, поручникот Вил Сирокман.
На другите двајца скијачи не им требала помош и сами се спуштиле по планината.

Фото: Скриншот/YouTube/VESA

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …