(ВИДЕО) Руски влогер, поради кликови, во салонот искршил ново Порше!

Потполно новиот Porsche Taycan Turbo S го платил данокот за собирање на кликнувања.
Приказната оди вака. Според неа, популарниот руски блогер во салонот случајно ги сменил командите и преку излогот на салонот удрил во електричен автомобил вреден 175.000 евра. Секако, приказната е „шуплива“ и никој не наседнал на неа, но исто така е факт дека автомобилот е навистина негов.
А видеото започнува со три лика, Сталин, Ленин и Путин, кои му говорат на рускиот блогер да го живее животот максимално и да не обрнува внимание на ништо. Влегува во салонот, гледа наоколу и седнува зад воланот на Порше. Секунда подоцна тој буквално лета низ излогот на салонот.

loading...

Имало ефект, за еден ден влогерот собрал 2,5 милиони кликови.
Кога ќе кажеме дека станува збор за Михаил Литвин, ќе се сетите дека тоа е истото момче кое се реши да го запали својот AMG GT 63 S поради кликови.Тој, исто така, решил да испрати порака до дилер на Мерцедес со огнот вреден над 200.000 евра бидејќи наводно не можел да стави крај на дефектите на автомобилот. Од 24. октомври, кога видеото беше објавено, тој собрал над 21,5 милиони прегледи.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто некои луѓе нè НЕРВИРААТ БЕЗ БИЛО КАКОВ ПОВОД? Психолозите даваат објаснување!

Одговорот на ова прашање всушност лежи во нас самите Речиси секој знае некои луѓе кои …