(ВИДЕО) Двајца најпознати британски уметници се вакцинирале за корона за да ги поттикнат другите

Двајцата најпознатите британски уметници, пејачот Елтон Џон и актерот Мајкл Кејн, ги здружија силите во смешна реклама за да ја охрабрат јавноста да се вакцинира против ковид-19.
Во рекламата од 90. секунди, Џон, 73., ја пародира својата фламбојантна репутација, додека Кејн (87) се потсмева повторувајќи го познатиот слоган што го користеле неговите безброј имитатори: „Тоа не го знаат многу луѓе“.
Велика Британија досега ги достави првите дози на вакцината на повеќе од 12,6 милиони луѓе и е на пат да ја постигне целта од 15. милиони вакцинирани во четири главни приоритетни групи, вклучително и оние над 70. години, до 15. февруари.
Сепак, постои загриженост дека некои луѓе ќе се држат настрана од вакцините поради дезинформации или теории на заговор за вакцинација.
Во рекламниот спот објавен во средата, главната улога ја игра Џон кој се преправа дека е на аудиција за улога во рекламата. Режисерите го критикуваат за неговите актерски способности и премногу „шоубиз“, а пејачот потоа го имитира Кејн.

Откако се преправа дека ја примил вакцината, тој пее една од неговите хит-песни „I’m Still Standing“, на што режисерот му дофрлува: „Благодарам, Елтон, ќе ти се јавиме“.
Незадоволен, Џон одговара дека за толку кратко време нема да најде никој попознат од него, пред рекламата да се префрли на Кејн како се вакцинира.
Кејн се претставува во рекламата и вели дека само што примил вакцина против ковид. „Не болеше – тоа не го знаат многу луѓе“, вели тој.
Режисерот му се заблагодарува на Кејн и додава: „Информирајте го малиот дека не ја добил работата“.
Говорејќи за своето учество во рекламата, Џон рекол дека сака да учествува за да им ги покаже на луѓето придобивките од вакцинацијата и дека тоа помага да се заштитиме себеси и луѓето што ги сакаме.
„Се надевам дека сите ќе можеме да се собереме и да придонесеме во борбата против оваа мизерна болест“, рекол Џон.

Фото: Скриншот/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …