Чај кој го хидрира телото и помага во слабеењето

За подобар метаболизам и здрава кожа
Хидратацијата е многу важна и за кожата и за телото. За да може метаболизмот да работи добро, потребно е да се внесат најмалку два литра вода на ден. Водата е многу моќна за постигнување врвна форма, но има пијалок кој има уште поповолно дејство врз слабеењето. И нутриционистите потврдија дека зелениот чај е многу моќен пијалок. Водата е секогаш добар избор затоа што нема калории и го хидрира организмот.

Меѓутоа, ако барате нешто што може да го забрза метаболизмот и да помогне во разградување на масните наслаги, редовно пијте зелен чај, советуваат експертите. Зелениот чај е полн со полифеноли и епигалокатехин-3-галат, што е моќен антиоксиданс, а истражувањата докажаа дека има корисен ефект врз забрзувањето на метаболизмот.

Содржи кофеин, кој може да помогне во мобилизирање на слободни масни киселини

Една студија објавена во „Журнал за истражување во медицинските науки“ објави поврзаност помеѓу потрошувачката на зелен чај и намалувањето на индексот на телесна маса. Покрај тоа, зелениот чај содржи кофеин, кој може да помогне во мобилизирање на слободни масни киселини.
Ако го пиете овој чај пред тренинг, ќе имате многу повеќе енергија, па ќе можете да правите повеќе вежби, а тоа доведува до поголема потрошувачка на калории. Исто така, зелениот чај може да помогне во намалувањето на лошиот ЛДЛ холестерол, според една студија објавена во Nutrition Journal.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МАЛАТА МАРГАРИТА НАЈМЛАДИОТ ВДОМУВАЧ ВО ЛАЈКА

Малата Маргарита која наскоро ќе полни 2 години е најмладиот вдомувач на кученце од јавното …