ПРЕМИНУВААТ НА „ЗЕЛЕНО“: Амазон го започнува најголемиот проект на обновлива енергија

Американската компанија „Амазон“ постигнала договор за набавка на 380 мегавати (MW) енергија на ветерот од „Hollandse Kust Noord“ – електрана на ветер на брегот на Холандија.
Ветроелектраната ја развива The Crosswind, конзорциум на нафтените компании Royal Dutch Shell и Eneca, компанија во сопственост на јапонската Mitsubishi.
Амазон посочува дека овој проект, наречен Амазон-Шел HKN, проект за преобразени ветришта, е „неговиот најголем проект за обновлива енергија на едно место“.
Ветерната електрана се очекува да биде во функција до 2023. година со инсталирана моќност од 759 MW.
Ова значи дека Амазон ќе купи 20. проценти од вкупната моќност почнувајќи од 2024. година за погонот во Европа, вклучувајќи 250 MW од Shell и 130 MW од Eneca.
За Амазон, овој проект претставува чекор поблизу до целта да стане компанија со 100. проценти обновлива енергија до 2025. година, пет години пред објавената првична цел на крајот на 2019. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес е спомен на Светиот свештеномаченик Автоном: И после 200. години мнозина болни добија здравје од светите мошти

Православните христијани денес ги слават Светиот свештеномаченик Автоном, Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари, Светиот …