Како да се ублажи егзема на рацете?

Конечно, оклузивите се масла и восоци кои формираат инертен слој на кожата и физички го блокираат губењето на трансепидермална вода. Меѓу нив има пчелин восок и ланолин, објаснува д-р Кинг. Еден начин да ја поправите состојбата е повремено да ги триете рацете и да ставате памучни нараквици и така да си легнете.


Носете ракавици додека работите домашни работи
Ракавиците можат да ве заштитат од различни агресивни состојки во производите за чистење, премногу топла вода и повреди. Бидејќи ваквите работи можат да ја интензивираат реакцијата, заштитата на кожата може да помогне во ублажување на дел од проблемот. Бидете сигурни дека носите ракавици ако користите иритирачки состојки. Имено, егзема на рацете често се среќава кај работници кои постојано ги користат рацете, како што се фризери, работници во чистење, угостителство и машинство, вели Холс.

Разберете дека понекогаш влошувањата едноставно се случуваат
„Повеќето луѓе мислат дека ако напорно работат на навлажнување на кожата, ја менуваат исхраната, избегнуваат алергени и слично, можат да го контролираат егземот и да ја елиминираат појавата на напади. Но, јас ги учам сите пациенти дека повремено можат да имаат влошувања без оглед на овие активности, бидејќи егзема може да се појави и од низа други причини. На пример, поради настинка, или инфекција на кожата“, вели дерматологот д-р Латанија Бенјамин, а пренесува MindBodyGreen.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тужба за СЗО: „Ми ја уништувате работата. Размислете …“

Сибирскиот претприемач ја има несреќата што неговата компанија се вика Омикрон и се занимава со …