(ФОТО) Новиот филм за лејди Ди нема да му се допадне на кралското семејство!

Претстојниот филм „Спенсер“ за животот на покојната британска принцеза Дајана, за кој многу се зборува во последно време, нема да им се допадне на членовите на кралското семејство. Барем така тврди експертот за биографија Роберт Џобсон, кој многу добро ја познавал принцезата Дијана и затоа сега вели дека незадоволството на дворот е едноставно неизбежно.
Филмот на режисерот на Пабло Лареинан и авторот Стивен Најт со Кристин Стјуарт во главната улога, ќе се фокусира на контроверзниот викенд во Сандрингем, кога Дијана, наводно, донела една од клучните одлуки за нејзиниот брак, а во него ќе играат и Тимоти Спел, Сали Хокинс и Шон Харис.
„Ја познавав лично и затоа тврдам дека членовите на кралското семејство нема воопшто да го сакаат тој филм, но веќе и самите тоа го очекуваат. Но, мислам дека најважно е толкувањето на актерката и колку таа може добро да ја игра таа улога. Ќе мора да почекаме и да видиме“, изјавил Џобсон за„ US Weekly“, додавајќи дека во филмот ќе биде прикажана целата вистина.

Уште во јуни минатата година беше откриено дека 30-годишната sвезда на „Самрак сага“ ќе ја отелотвори принцезата Дајана во филм што ќе покаже што се случило за време на еден викенд во раните 90-ти, кога сфатила дека нејзиниот брак со Принцот Чарлс нема да функционира.

Фотографиите на Кристин од сетот покажуваат неверојатна сличност со покојната принцеза, што дополнително го зголеми големиот интерес и исчекување на филмот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by royal families (@royalfamilies_)

„Мислам дека автентичноста на презентацијата е најважна, и колку што разбрав, сценариото е добро, но не мора да значи дека ќе ги следи настаните точно како што навистина се случија“, заклучил Џобсон.

Тоа ќе биде првиот филм за животот на членовите на британското кралско семејство по серијата „Круна“, на која предупредуваа експерти, политичари и семејни пријатели дека ја искривува вистината, а најострите го прогласија за злобен напад.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Crowns (@thecrowns.ru)

Филмот „Спенсер“ треба да ја има својата премиера оваа есен, но точниот датум сè уште не е објавен.

Фото:Instagram/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ:74% од новите случаи и 76% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во …