(ФОТО) Елена Велевска искрено проговорила за принципите при изборот на нов партнер!

„Сите работи треба да ги заслужиме во животот, се надевам дека ќе се појави таков што ќе ме заслужи мене“

Фолк пејачката Елена Велевска по вторпат беше гостинка во модното жири на емисијата „Живот со стил“ на Елена Стефановска, каде меѓу дргото проговори за својот љубовен живот, искуствата од пропаднатиот брак зад себе, но и за големиот животен предизвик со кој моментално е окупирана.
Водителката на почеток ја праша Велевска дали сега вака искусна е попретпазлива во изборот на партнер и на што се’ ја научил животот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by ELENA VELEVSKA (@evelevska)


„Генерално за се’ сум попретпазлива, а кога станува збор за изборот на партнер навистина не смееме да не прелажат одредени манири кои се спакувани во погрешна особа. Така да, помина времето кога си помлад и кога те лажат одредени парчиња на брендирана гардероба, а ги запоставуваше вистинските морални и духовни вредности кои се бесплатни“, рекла Велевска и продолжи со одговорот на прашањето дали е подготвена за нов маж во нејзиниот живот?


 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELENA VELEVSKA (@evelevska)

„Се уште не сум подготвена на таков чекор. Најбитно во моменто е да се фокусирам на себе, работам на тоа да се преселам комплетно со дечињата во Скопје бидејќи таму гледам поголема перспектива и тоа е она со кое сум опседната во моментот. Сите работи треба да ги заслужиме во животот, се надевам дека ќе се појави таков што ќе ме заслужи мене“, завршува пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELENA VELEVSKA (@evelevska)

За потсетување, Елена Велевска и Марјан Мирчески беа во брак од 2008 година и имаат три деца.

Фото: Instagram, Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КОГА ПАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ТИ КУПАТ СРЕЌА: Атина Оназис – сопругот немилосрдно ја изневерувал, никогаш не ја преболела смртта на саканата личност, многу трагедии и го одбележале животот

Проклетството на семејството Оназис не ка одбегналоЖивотот на Атина Оназис, и покрај нејзиното потекло и …