Седум неверојатни начини за употреба на лимонот

Лимонот може да ви помогне на сосема неочекувани начини што воопшто не вклучуваат варење! Дознајте подолу во какви се’ ситуации и како лимонот може да стане вашето ново омилено овошје.

Може да помогне при каснување од комарец


Чешање и црвени дамки се само некои од симптомите на каснување од комарец, но за ваша среќа природни антиинфламаторни својства на лимонот можат да помогнат. Едноставно нанесете малку сок од лимон на местото на убодот, или пресечете го лимонот на половина и намачкајте го делот од кожата каде чувствувате чешање.

Може да ја исчисти микробрановата печка на природен начин
Поради своите кисели својства, лимонот може да има антибактериско и антисептичко дејство, идеално за чистење на микробранова печка. Исцедете половина лимон во сад (што е безбеден за употреба во микробранова печка) и додадете половина чаша вода. Вклучете ја микробрановата печка 2-3 минути, а потоа исклучете ја и почекајте уште 5 минути без да ја отворите вратата. После тоа, само избришете ја внатрешноста со крпа за чистење.

Може да го смири грлото
Како бонус, постои и високо ниво на витамин Ц, што ќе го зајакне вашиот имунолошки систем. Едноставно исцедете половина лимон, додадете малку вода и исплакнете го грлото или додадете исцеден лимон во омилениот чај.

Може да го подигне нивото на енергија и да го намали стресот
Природниот мирис на лимон може да помогне во враќањето на енергијата и да се намали стресот. Само мирисајте свежо овошје за да ги заживеете вашите сетила, да се ослободите од поспаноста и да станете порелаксирани!

Може да излечи гадење
Се чувствувате болно? Без грижа, лимонот е тука за да ви помогне. Исечете го на парчиња, цицајте едно парче 1-2 минути, а потоа задолжително исплакнете ја устата. Исто така, треба да се напомене дека премногу лимон може да ја оштети глеѓта на забот, затоа не претерувајте со овој метод!

Може да го освежи вашиот фрижидер
Лимонот може да делува и како природен дезодоранс за простории, а поради неговите антибактериски и антисептички својства, вашиот фрижидер ќе мириса убаво и свежо. Потопете сунѓер, парче памук или некој друг абсорбентен предмет во сок од лимон и оставете го во фрижидер неколку часа.

Може да дезинфицира кујнска даска за сечење
Едноставно исечете го лимонот на половина, исцедете го сокот од една половина, но не заборавајте да ја оставите пулпата. Посипете една лажица сол на даската за сечење и тријте со лимон по целата површина. Исплакнете добро и даската е повторно чиста и без непријатни мириси.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …