(ВИДЕО+ФОТО) Порака до ривалите: Рутинска победа на Ѓоковиќ на стартот на АО

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ со победа го започна Австралија опен. На почетокот на турнирот во Мелбурн, Србинот го победи Французинот Жереми Шарди со 6:3, 6:1, 6:2
Ѓоковиќ триумфираше во првото коло на Австралија опен 15-та година по ред.
Србинот се сретна со Шарди по 14-ти пат, и ја забележа 14-та победа. Интересно е што Французинот се уште го нема освоено првиот сет против првиот светски тенисер.

 

loading...

View this post on Instagram

 

A post shared by Australian Open (@australianopen)


Бранителот на титулата одлично сервираше, особено во вториот сет, па не му дозволи на ривалот никакви брејк топки. Новак направи неколку грешки, играше агресивно, па забележа максимална победа.
На крајот, Србинот имаше 41 винер и 11 грешки, а Французинот имаше 20 директни поени и 26 промашувања.
Следниот ривал на актуелниот шампион ќе биде Американецот Франсис Тиафо.


Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНИ СЦЕНИ – Навивач втрчал на теренот и го преплашил Меси: Поради бурната реакција на обезбедувањето останал без автограм!

Фудбалската репрезентација на Аргентина во пријателски натпревар ја совлада Јамајка со 3:0, а покрај двата …