(ФОТО) Џил Бајден ја воодушевила Мишел Обама со необичен подарок!

Пријателството на Џил Бајден и Мишел Обама трае со години, а сега првата дама на Америка одлучила да ја изненади својата пријателка
Мишел Обама во 2009 година во Белата куќа засади разновиден зеленчук, а сега Џил Бајден штотуку ги собрала плодовите од трудот и и’ испратила корпа полна со свеж зеленчук.
Мишел Обама веднаш се пофалила на социјалната мрежа Инстаграм, за подарокот, што го добила од својата пријателка, од градината во која и самата поминала многу време.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Obama (@michelleobama)


„Многу благодарна за овој прекрасен подарок од нашата прекрасна Флотус. Овој свеж зеленчук од градината во Белата куќа беше многу прекрасно – и вкусно – изненадување.Те сакам, Џил“, стои во описот на фотографијата што поранешната прва дама на Америка ја објави на својот Инстаграм профил.
Зеленчукот што се одгледува во градината на Белата куќа се сервира на првото семејство и нивните гости. Самата корпа не морала да патува далеку и сè стигнало свежо, бидејќи семејството Обама живее на само неколку километри далеку, во областа Калорама, во Вашингтон.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …