Утринската програма на МРТ1 добива „засилување“ со нов но и познат лик

Јована е позната по нејзиниот ведар и позитивен дух, секогаш подготвена на високо ниво на својата задача, која што веќе долги години го задржува вниманието на гледачите на телевизиските екрани.
Познатата македонска ТВ водителка, Јована Костадиновска која што досега беше дел од утринската програма на Сител Телевизија, отсега ќе ја гледате на првата програма на Македонската Радио Телевизија.

Јована Костадиновска отсега ќе биде дел од најдолговечната утринска емисија кај нас „Добро утро, Македонијо“, емисија која што е дел од малите екрани на нашите простори повеќе од четврт век.

Јована е позната по нејзиниот ведар и позитивен дух, секогаш подготвена на високо ниво на својата задача, која што веќе долги години го задржува вниманието на гледачите на телевизиските екрани. Отсега во текот на работната недела од 06:45 до 09:15 часот на МРТ 1 со Вас ќе ги споделува сите најнови и најпотребни информации што го диктираат текот на денот што претстои.

Фото: Социјални мрежи

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Глумицата која со години се бори со ракот овие денови има причини за славење!

Кога неодамна на социјалните мрежи напиша дека е подготвена да замине и дека веќе напишала …