Намирници кои се најдобри борци против стареење

Вистинската храна за нашето тело прави многу повеќе од само одржување на посакуваната линија и обезбедување чувство на ситост, а ако сте меѓу многуте кои бараат докажан и ефикасен извор на младост, посветете поголемо внимание на она што го внесувате во себе.
Еве кои намирници треба почесто да се наоѓаат на менито во борбата со годините:

1. Батат – сладок компир


Една студија од Journal of Evolution and Human Behaviour вели дека исхраната богата со овошје и зеленчук го враќа здравиот младешки сјај на кожата. Истражувачите откриле и дека луѓето кои јадат црвено и портокалово овошје и зеленчук секој ден имаат подобар тен од оние кои не го консумирале толку често.
Се претпоставува дека причина за тоа се каротеноидите, соединенија кои помагаат во борбата против разни болести а кои им даваат боја на црвено и портокалово овошје и зеленчук. Сепак, нема многу храна богата со каротин – кој се претвора во витамин А во организмот – но може да добиете оптимална количина од слаткиот батат, кој содржи дури 156 проценти од препорачаната дневна доза.

2. Путер од бадеми
Бадемите се храна која има широк спектар на хранливи материи – вклучувајќи протеини и здрави масти – што ги прави идеални за одржување на здравјето и јачината на косата, а помага и витаминот Е, со кој овие ореви се богати.
Едно осуммесечно истражување покажало дека на мажите кои внесуваат доволно витамин Е косата им расте побрзо и поздраво, а половина од препорачаниот дневен внес може да го добиете од само една порција (две лажици) путер од бадем.

3. Хидролизиран колаген
Иако има храна што го поддржува природното производство на колаген во организмот, студиите покажуваат дека земањето додатоци на колаген има особено добар ефект врз изгледот на кожата.
Студија објавена во списанието Skin Pharmacology and Physiology покажала дека оние кои земале хидролизиран колаген еднаш дневно, имаат значително поеластична и „погуста“ кожа. Овој вид колаген доаѓа како прашок, па затоа е најдобро да го додавате во смути.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …