АНГЕЛА МЕРКЕЛ СО ЈАСНА ПОРАКА НА ОНИЕ КОИ ОДБИВААТ ВАКЦИНАЦИЈА: „Добро, кој не сака можеби нема да може да направи некои работи“

Приказната за вакцинацијата во ЕУ, иако не започна интензивно, веќе сега интензивно се размислува за животот по вакцинирањето и можноста за воведување на одредени придобивки за оние кои се вакцинирани, но исто така и за ограничување на некои работи за оние кои одбиваат, како што спомена германската канцеларка Ангела Меркел.
Првиот чекор во таа насока го направи Данска. Данската влада во средата објави воведување дигитален корона-пасош, апликација за паметни телефони, со која поединец ќе може да докаже дека е вакциниран. Деталите сè уште не се разјаснети, но сигурно е дека оваа картичка треба да го олесни враќањето во нормала и да им овозможи на деловните луѓе повторно да патуваат.
„За нас е многу важно повторно да го отвориме данското општество и да им овозможиме на компаниите да работат. Многу дански компании се активни низ целиот свет”, рекол во вторникот министерот за финансии Мортен Боедсков. Генералниот директор на Данската стопанска комора, Брајан Микелсен, зборува за светлото на крајот на тунелот за многу компании.


Соседна Шведска има слични планови и ден подоцна најави и воведување дигитален пасош.
„Со дигитален сертификат ќе може брзо и лесно да се докаже дека вакцинирањето е извршено“, рекол министерот за дигитализација Андерс Игеман во четвртокот. Прашањето во моментов е за што би можело да биде добра картичката за вакцинација. Засега во повеќето земји на ЕУ, поради големиот број на заразени лица и појавата на нов вид на вирус, се’ повеќе се зборува за натамошно заострување на мерките, што влијае не само на јавниот и приватниот живот, туку и на патувањата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …