(ФОТО) Роналдо: „Не можам да ви ветам уште 20. години фудбал, но…“

Кристијано Роналдо на својот 36-ти роденден изјави дека нема да игра фудбал уште две децении, но дека ќе го обезбедува максимумот се’ додека игра.
Роналдо е обележан во светот на фудбалот како еден од најфанатичните работници кој се грижи за секој аспект од својата кариера, од тренинзи до правилна исхрана и други навики.
„Времето лета, жал ми е што не можам дави ветам уште 20. години од ова. Имам 36. години, неверојатно! Се чувствувам како сè да започна вчера, но ова патување веќе е полно со приказни и авантури кои ќе бидат запаметени. Мојата прва топка, прв тим и прв гол. Времето лета“, напиша Португалецот на Инстаграм покрај фотографијата од прославата на роденденот со најблиските – девојката Џорџина и четирите деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Во текот на својата кариера, Роналдо играше за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, а од 2018 година е во Јувентус и беше најдобриот поединец насекаде, иако во Јувентус пристигна на 33-годишна возраст.
„Од Мадеира до Лисабон, од Лисабон до Манчестер, оттаму во Мадрид, во Торино и пред сè, од дното на моето срце му дадов на целиот свет се што можам. Јас секогаш го правев тоа, никогаш не се воздржував, секогаш кога ја понудив најдобрата верзија за себе “, додава Роналдо.
Тој забележува дека за возврат секогаш ја добивал љубовта и воодушевувањето од публиката, како и нејзината безрезервна поддршка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

„Не можев да го сторам тоа без вас и не можам доволно да ти се заблагодарам. Додека ги славам мојот 36-ти роденден и 20-ти како професионален фудбалер, жал ми е што не можам да ветам уште 20. години вака. Но, можам да ветам дека, сè додека играм, нема да добиете помалку од 100. проценти од мене ”, рекол Роналдо.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …