Знаци дека ви недостасуваат витамини и минерали

Бели појави
Црвен осип и снегулки на лицето (а понекогаш и на други места) и опаѓање на косата – Ви недостасуваат: биотин (Б7), познат како витамин за коса. Ако јадете сурови јајца, тоа ве прави ранливи бидејќи протеинот присутен во сурови јајца, наречен авидин, ја подобрува способноста на организмот да апсорбира биотин.
Решение: Јадете повеќе варени јајца (готвењето го деактивира авидинот), лосос, авокадо, печурки, карфиол, соја, ореви, малини и банани.
Црвена или бела кожа слична на акни, обично на лицето, рацете, бутовите и задникот – Недостасуваат: есенцијални масни киселини и витамини А и Д.


Решение: Јадете помалку заситени масти и целосно исфрлете ги транс мастите, како што се маргаринот и закоравените растителни масти и зголемете го внесувањето на здрави масти.
Потребни ви се повеќе лосос и сардини, овошје како ореви и бадеми и семиња како лен, коноп и чиа. И само 10 минути на сонце ќе ви помогнат да добиете витамин Д.

Трнење и пецкање
Пецкање,трнење и горење во рацете, нозете или на друго место – Ви недостасуваат: витамини од групата Б, како што се фолна киселина (Б9), Б6 и Б12. Овој недостаток е директно поврзан со периферните нерви. Овие симптоми исто така можат да се појават во комбинација со анксиозност, депресија, анемија, замор и хормонална нерамнотежа.
Решение: Јадете спанаќ, аспарагус, цвекло, грав, јајца, октопод, школки, ракови и живина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Чудесен ПАШКАНАТ: Се користи во народната медицина уште од античко време, а неговата арома го подобрува секое јадење!

Билката пашканат е исклучително здрав бел корен. Тој е многу ароматичен, па затоа е ценет …