ПОГОЛЕМО ВНИМАНИЕ: Третина од пациентите починати од корона имале дијабетес

Од самиот почеток на пандемијата на коронавирусот, луѓето со дијабетес се означени како многу ризична група за развој на тешки форми на инфекција, особено ако нивото на шеќер во крвта е лошо регулирано, но исто така и ако имаат придружни болести, како што се кардиоваскуларни и на бубрезите.
Луѓето кои имаат дијабетес, забележуваат лекарите, немаат поголем ризик да добијат ковид 19. отколку општата популација.Сепак, коронавирусната инфекција може да им предизвика потешки симптоми и компликации. Од друга страна, луѓето кои немаат компликации и чие ниво на шеќер во крвта е добро регулирано, немаат поголем ризик од развој на потешки форми на ковид 19 од општата популација.
Зголемениот ризик од тешки форми на болеста се потврдува и со резултатите од бројни студии од земји кои биле сериозно погодени од коронавирусот. На пример, во Италија, 35,5 проценти од пациентите кои починале од ковид имале дијабетес. Во САД, 32 проценти од пациентите примени на интензивна нега имале дијабетес, додека во Кина, 22 проценти од пациентите кои починале имале хронично покачен шеќер во крвта. Ситуацијата во Обединетото Кралство била таква што 33% од сите смртни случаи кај хоспитализирани пациенти со ковид 19 биле поврзани со дијабетес.


Истражувањата покажаа дека кај пациентите со дијабетес, кои добиваат ковид инфекција, постои поголем ризик да бидат примени на интензивна нега. Постои значителна поврзаност помеѓу дијабетесот и зголемената смртност, а два пати е почесто сериозно заболување од ковид инфекцијата кај болните со дијабетес отколку кај асимптоматски пациенти.
Иновативниот пристап за лекување на дијабетес беше поддржан во 2018. година и од Европската и од Американската асоцијација за дијабетес. Тековната пандемија, во која дијабетичарите се особено ранливи, е дополнителен аларм дека примената на современ пристап кон терапијата со дијабетес е поважна од кога и да било порано.
Истражувањата покажуваат дека иновативните лекови за дијабетес тип 2 дополнително го намалуваат ризикот од срцева слабост и срцев удар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Во најубавиот европски воз, сите ги исклучуваат телефоните

Возењето со најлуксузниот воз во Европа трае осум часа, почетна точка е Цермат, последна Св. …