(ФОТО) Џеј Ло во чизми кои ќе се пролетен хит

Латино дивата и нејзиниот вереник Алекс Родригез го користат секој слободен момент за романтичен состанок. Парот неодамна се упатил на ручек во познатиот ресторан „Белини“ во Мајами. По тој повод, Џеј Ло ги покажа чизмите, за кои веќе велат дека ќе бидат најпопуларни оваа пролет.


Џенифер Лопез избрала малку понеформална комбинација за излегување во луксузен италијански ресторан.
Таа комбинирала топло волнено палто со беж ролка и светли фармерки со избледени рабови и голема елегантна црна чанта, а носела и чизми до глужд во каубојски стил.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by TabloidRTLhr (@tabloid.hr)


Многу модни списанија, вклучително и Вог, веќе ги објавија како еден од најпопуларните модели на чизми за претстојната пролетна сезона.
„Каубојките“ се исто така популарни и во нашата земја, а домашните љубители на модата особено сакаат да ги спаруваат со развеани миди фустани.


Значи, веќе можеме да очекуваме дека на пролет што ни се приближува, ќе има сè повеќе удобни практични чизми во сите можни комбинации и изданија.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отец Оливер Петровски – Маж на годината за 2022 во избор на социјалните медиуми

Отец Оливер Петровски е Маж на годината во ибор на социјалните медиуми за 2022 година, …