(ФОТО) Деми Мур објаснила што и се случило со лицето!

Познатата актерка изгледаше непрепознатливо на неодамнешната ревија на куќата Фенди, па многумина ја обвинија дека претерала со филери. Сега Деми се обидува со нови фотографии да објасни дека не отишла под нож, туку употребила еден трик.
Кога Деми Мур (58) пред една недела ја отвори виртуелната модна ревија на куќата Фенди во Париз, таа ја изненади јавноста не само со одењето како мачка, туку и со непрепознатливиот израз на лицето. Имено, изгледаше дека Деми направила естетски зафат, но не и особено успешен. Носот и се чинеше многу помал од вообичаеното, а јаболчниците беа невообичаено упадливи.
Малкумина тогаш го коментираа елегантниот црн сатенски костум Фенди во кој одеше по пистата. И тогаш – нов шок.

Само еден ден подоцна, Деми гостувала на онлајн емисијата „Без филтер со Наоми“ и во разговор со супермоделот Наоми Кембел (50) изгледала сосема природно. Така, таа повеќе или помалку се обидела да ги негира сите оние кои тврдат дека имала некои корекции на лицето.
Имено, многу козметички хирурзи по шоуто рекле дека е јасно дека Мур претерува со хијалуронски филери. Но, потоа, по видеото кај Наоми, се појавиле други теории. Додека едни тврдат дека додека одела по пистата, актерката ги гризна образите и со тоа постигнала затегнат израз на лицето и ги истакнала јаготките, други тврдат дека шминката ја прави крајно непрепознатлива.
Згора на сето тоа, Деми индиректно сепак ја негира естетската интервенција – објавувајќи фотографии на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Така, со опис ‘Подготовка на кожата пред шоуто’, таа објави фотографија со маска за лицето, алудирајќи на фактот дека тајната на нејзиниот младешки изглед е во негата на кожата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Дека не правела драстични операции, Деми истакна со фотографија без шминка направена пред шоуто – со моделите Кејт Мос, Кристи Тарлингтон и дизајнерот Ким Џонс, каде Мур изгледа сосема природно.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Можеби и’ не е време да бидете во врска: Овие знаци го покажуваат тоа!

Како и во се друго во животот, така и во љубовта постојат одредени правила. Пред …