СВЕТСКИ СТРУЧЊАК НАЈАВУВА: „Не чекаат уште две фази на пандемијата – крајот дури во 2024. година!“

Пандемијата на коронавирусот нема да заврши се’ до 2024. година, кога ќе започне таканаречениот „постпандемичен“ период, кој ќе биде многу сличен на „лудите дваесетти години“ на 20 век, вели д-р Николас Христакис, научник од Јеил.
„Сериозните вируси влијаат на нашата економија, начин на живот и пандемиите обично се одвиваат во три фази, па кога станува збор за коронавирусот, можеме да зборуваме за непосредната фаза што ќе трае до крајот на 2021. година. Потоа следи средната фаза, која ќе трае до 2023. година, а потоа и постпандемиската фаза, која ќе започне во 2024. година.
Во првата фаза, во која се наоѓаме сега, вирусот се шири се додека не се заразат доволно луѓе и постигнеме таканаречен имунитет на стадо. Светот се смени – маските се задолжителни, физичката оддалеченост се менува, начинот на работа се менува, многумина остануваат дома, свртени кон вербата … Со ова темпо, се очекува да добиеме имунитет до крајот на годината, или природно или преку вакцини“, рекол Кристакис за Си-Ен-Ен.


„Во средната фаза, ќе ги почувствуваме психолошките, социјалните и економските последици од коронавирусот. На милиони ќе им треба медицинска нега, начинот на работа и патување ќе се промени. Пандемијата исто така ги забрза трендовите во здравствената заштита. Сега, кога ја видовме важноста на науката, можеме да ја примениме во борбата против климатските промени. Можно е наследството на пандемијата да биде поголема почит и ценење на науката“, додал тој.

Кристакис проценува дека постпандемискиот период ќе биде сличен на „лудите дваесетти“ од 20 век, кога сите инхибиции паднале по епидемијата на шпански грип. „Сите тешкотии и маки со кои се боревме одеднаш ќе исчезнат. Ќе се дружиме, одиме на концерти, можни се и спортски настани, сексуални слободи. Можеби нема повеќе да се ракуваме и можеби ќе одиме на службени патувања помалку и ќе работиме повеќе од дома“, рекол тој.
Што ни дава надеж?
Кристакис потсети на шега со црн-хумор меѓу лекарите – секое крварење со тек на времето престанува.
„Чумата секогаш поминува. Доаѓа во бранови и на крајот исчезнува. Јас сум оптимист дека ќе видиме крај на ова. Короната ќе стане ендемична болест, како вирусот на грип што ќе циркулира меѓу нас“, рекол експертот од Јеил.

Foto: Printscreen/CNN Opinion

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес е спомен на Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски: Напишал многубројни поучни дела!

Според календарот на МПЦ, 18-ти јуни е ден посветен на Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски. …