(ВИДЕО) И ПОКРАЈ ГОЛЕМАТА ТАГА ЖИВОТОТ ПРОДОЛЖУВА: Траволта со неговата ќерка ги извел познатите движења од „Брилијантин“

Американскиот актер Џон Траволта се појави во реклама, која ја сними со својата ќерка Ела Траволта и докажа дека, без оглед на неговата возраст, тој сè уште има танчерски способности.
Тој го сними рекламниот спот за овогодинешниот „SuperBowl“, во кој покрај него се појавуваат голем број актери, а акцентот на рекламата е да се види како јавните личности се забавуваат во нивниот дом за време на изолацијата за време на пандемијата на коронавирус.


Траволта навистина се докажа бидејќи заедно со својата ќерка танцуваше на познатите движења од легендарниот филм „Брилијантин“, што го направи најпознат. Иако одамна влезе во седмата деценија, легендарниот актер не ги заборавил своите танцови чекори.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Melissa Knowles | News Lady (@knowlesitall)


Да се ​​потсетиме, сопругата на Џон Траволта, Кели Престон почина во средината на јули 2020. година на 58-годишна возраст, по долга и тешка битка со рак на дојка. Актерот ја поднесе нејзината смрт многу тешко, но затоа секој момент го користи да биде со својата ќерка Ела и деветгодишниот син Бенџамин.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отец Оливер Петровски – Маж на годината за 2022 во избор на социјалните медиуми

Отец Оливер Петровски е Маж на годината во ибор на социјалните медиуми за 2022 година, …