(ФОТО) Неа и успеало: Бред чекал девет месеци за секс со Џенифер

Џенифер Анистон и Бред Пит започнале да се гледаат во 1998. година, откако нивните агенти договориле состанок за нив. Тие веднаш станале нова златна двојка на Холивуд, а по петмесечна романса, паднала и свршувачка, а свадбата следела во јули 2000 година. Сепак, пет години подоцна, нивниот развод го шокирал светот на славните и бројните обожаватели.
Според британскиот таблоид „Daily Star“, омилената холивудска актерка и ѕвезда на хит ТВ серијата „Пријатели“ го принудила нејзиниот маж да апстинира долги девет месеци, што би значело дека тие се вериле пред да ја конзумираат врската.
„Џенифер наводно се плашела дека сексот ќе ја уништи нивната врска и затоа не сакала да брза. Во тоа време, таа сметала дека тоа е најмудрата одлука што може да ја донесе. „Замислете да му кажете на Бред Пит дека мора да чека секс“, изјавил за „The Mirro“ извор близок до бившите поранешни сопружници.

Странските медиуми исто така пишуваат дека актерската двојка конечно завршила во кревет за време на романтичен викенд во Акапулко, Мексико, на Денот на вљубените во 1999.година, само пет месеци пред венчавката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Можеби и’ не е време да бидете во врска: Овие знаци го покажуваат тоа!

Како и во се друго во животот, така и во љубовта постојат одредени правила. Пред …