(ФОТО) Короната ги запре мечевите на АТП КУП во Мелбурн

Сепак, е официјално – организаторите на Австралија опен ги одложија сите тениски активности планирани за четврток во Мелбурн.
Одлуката е објавена преку официјалната веб-страница и социјалните мрежи во форма на изјава заради новонастанатата состојба.
Ова значи дека Србија нема да го одигра својот решавачки натпревар против германската селекција за пласман во полуфиналето на АТП купот на полноќ, како што беше планирано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ATP Cup (@atpcup)

Новите датуми на натпреварите ќе бидат објавени подоцна.
„Здравствените власти не известија дека работникот во хотелот кој бил карантин за тенисерите и тенисерките бил позитивен на Ковид-19. Секој во нашата организација што бил во контакт ќе мора да биде тестиран и изолиран се додека не биде негативен”, напиша Австралија Опен, а се споменува дека бројката е помеѓу 500 и 600 луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ATP Cup (@atpcup)

“Ќе дадеме се од себе што е можно побрзо да бидат сите тестирани. Во четврток нема да има натпревари во Мелбурн парк. Подоцна во текот на денот ќе го објавиме распоредот за петок”, додадоа организаторите.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ѓоковиќ: Со ваква игра, можам до крајот на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ не бил лошо расположен по поразот во финалето на турнирот од Мастерс серијата …