Напиток кој е замена за инфузија во итни случаи

Ако некому нејадејно му се слоши, и имате можност да му помогнете, не е лошо да знаете дека има пијалок што е замена за инфузија во итни случаи – кога некое лице не може да стигне до болницата.
За пијалокот дознавме од студентите на Медицинскиот факултет, кои дознаа за тоа на предавањата за педијатрија. Тоа е решение за итни случаи, додека чекате медицинска помош – и во никој случај не може да ја замени вистинската инфузија, но веројатно може да помогне барем малку во непредвидени ситуации.
Инфузијата е инаку незаменлива за дехидрираност, гадење, дијареја, труење со храна, намален имунитет, вирусна или бактериска инфекција, алергии, анемија, изгореници, треска, после хемотерапија, стрес и исцрпеност, мигрена…
Во повеќето случаи, се дава во болници, на пациенти кои лежат во кревет, како и во амбуланти, кога доаѓа пациент кој е болен поради некоја причина. Исто така, може да се даде дома од медицинска сестра во заедницата, што особено олеснува ако станува збор за пациент кој не може да се движи.
Сепак – инфузијата се дава исклучиво од стручен медицински персонал.


Но, ако се појави итен случај, можете да му помогнете на некој што се чувствува лошо со следниот пијалок.
Во еден литар вода треба да се додаде:
две лажици шеќер или мед
половина лажичка сол
четвртина лажичка сода бикарбона
половина чаша сок од портокал
Она што е корисно за овој напиток „не дај Боже“ е дека има големи шанси да ги имате повеќето од овие состојки во кујната.
Секако, ако некому не му е добро, ова е привремена прва помош, а лицето што се разболело треба да побара медицинска помош што е можно поскоро.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …