Временска прогноза до крајот на неделата: Свежа пролет среде зима

Денешното утро како да навести какво време не очекува во денот, но и во наредните неколку дена…
Денес во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, се очекува дневна температура од 13 – 19°C
Утре (четврток) исто така ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб, во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец, а дневната температура ќе се движи од 13 до 20 °C.
Минимална температура: 1°C до 7°C, а максимална температура: 13°C до 20°C се предвидува за петок.
Сончево со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер


Во сабота минималната температура: 0°C до 6°C, а максимална температура: 14°C до 19°C. Ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Во недела минимална температура: 1°C до 7°C, а максимална температура: 14°C до 19°C, се очекува сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Според прогнозата на УХМР не очекуаат пет пријатни денови до крајот на неделата кога е пожелно што повеќе време да минуваме на отворено,секако со придржување на препорачаните мерки за внимание и претпазливост – носење заштитни маски и одредената дистанца.
Р.Е.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …