ОФИЦИЈАЛНО – ЕУ ГИ УСВОИЛО ПРЕПОРАКИТЕ НА ЕК ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРОНА: Еве што значи кога некој доаѓа од подрачје означено со темна боја!

Советот на ЕУ синоќа ги усвоил препораките на Европската комисија за координиран пристап кон ограничување на движењето заради пандемијата на корона вирусот, објави Советот.
Препораките се да се избегнат сите ирелевантни патувања, со цел да се забави увозот и ширењето на нови поинфективни видови на коронавирус.
Земјите-членки усвоиле одлука за додавање на темно црвена боја на картата објавена од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).
Оваа боја ќе се однесува на областите каде што вирусот циркулира на многу високо ниво, вклучително и региони каде што се откриени повеќе заразни варијанти на вирусот.
„Земјите-членки треба да побараат од лицата кои патуваат од области обележани со темно црвена боја да бидат тестирани на Ковид-19 пред пристигнувањето, а потоа да бидат во карантин 14. дена“, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.
Во исто време, на земјите-членки им се дава можност да побараат тест за ковид-19 од патници кои доаѓаат од портокалови, црвени и сиви области.

Продолжува на следната страна

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Студентка го снимила домот во кој живее – не е тешко да се види зошто призорот многумина шокирал

ПО напорниот работен ден, нема ништо подобро од одмор на столче на балконот и земање …