(ВИДЕО) СРАМОТА – ЧУДНА БРИТАНСКА ПРАВДА: На вдовицата на терористот и плаќаат правна помош, а на семејствата на жртвите НЕ!

Британските даночни обврзници „искеширале“ над 15.000 фунти на вдовицата на организаторот на терористичкиот напад на мостот во Лондон во 2017. година, додека на семејствата на жртвите им била одбиена слична финансиска поддршка.
Зара Реман – вдовицата на мажит Хурам Бут, роден во Пакистан, инспириран од Исламската држава – добила 15,660 фунти правна помош за истрага на смртта на нејзиниот сопруг и неговите двајца соучесници. За време на истрагата, таа добила група адвокати што ги финансирала самостојно, како и КЦ.
Иако на Реман и била дадена поддршка од даночните обврзници, семејствата на жртвите не добиле автоматско право да бидат законски застапени за време на истрагите, пишува Мирор. Полицијата уби тројца џихадисти на местото на терористичкиот напад; весникот објаснил дека правната помош често им се нуди на роднините на убиените од државата.
Џејмс Ходер – момчето на австралиската медицинска сестра Кирсти Боден, која беше прободена со нож за време на нападот, додека се обидувала да спаси други жртви – рекол: „Сигурен сум дека таа (г-ѓа Реман) навистина имаше потреба од финансиска помош, но исто така ни требаше и нам. Што е разликата?”
„Би барал целосно транспарентно објаснување зошто државата ги поддржува семејствата на напаѓачите, но ниту едно од семејствата на жртвите не доби ниту едно пени“, рекол тој.

Продолжува на следната страна:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На концертот на Адел во Лас Вегас ќе можат да дојдат само луѓе кои се вакцинирани и имаат негативен тест

Обожавателите кои сакаат да присуствуваат на концертот на пејачката Адел во Лас Вегас мора да …