(ВИДЕО) ОВИЕ ДЕЛОВИ ОД ЕУ ПЛАНИРААТ ПОПУШТАЊЕ НА МЕРКИТЕ: „Мораме да мислиме на економијата и на психолошкиот аспект!“

Само тестираните студенти ќе можат да посетуваат настава, а другите ќе можат да ја следат преку Интернет, објавила австриската влада.
Во Данска, учениците од основните училишта ќе се вратат на своите клупи следниот понеделник, рекол министерот за здравство Магнус Хојнке на брифинг со новинарите.
Данска, која е под строга блокада од декември, забележала пад на нови инфекции и хоспитализации од јануари досега. Но, Хојнке предупредил дека се зголемува бројот на лица заразени со новиот вид на коронавирус, кој првпат беше откриен во Велика Британија.
Регионот на Мадрид ќе започне со олеснување на мерките против ковид-19 оваа недела, објавија властите во понеделникот.
Група од шест лица ќе може да се собере на терасите во ресторанот наместо сегашните четири, а полицискиот час, кој важи од 22. часот, би можел да се премести на полноќ. На жителите им е дозволено да јадат и да пијат во кафулиња и ресторани, но мораат да ги напуштат до 21 часот.
„Ние во Мадрид правиме се што е во наша моќ да ги оставиме отворени баровите, рестораните и нашите културни простори и покрај политичкиот притисок“, рекла конзервативната лидерка на регионот Изабел Дијаз Ајузо
Мадрид достигна 978 заразени лица на 100.000 жители за 14 дена, повеќе од просекот на национално ниво од 866 случаи.
Илдефонско Хернандез Агуадо, професор по јавно здравје на универзитетот „Мигел Хернандез“, рекол дека инсистирањето на регионот рестораните да останат отворени е главната причина за високата стапка на инфекција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДА ПОМОГНЕМЕ: Во Дебар маало е изгубен е малиот Михаил!

Изгубено е детето Михаил, во Дебар маало. Детето возело мал зелен точак, и било облечено …