(ВИДЕО) ОВИЕ ДЕЛОВИ ОД ЕУ ПЛАНИРААТ ПОПУШТАЊЕ НА МЕРКИТЕ: „Мораме да мислиме на економијата и на психолошкиот аспект!“

Австрија, Данска и шпанската престолнина најавиле олеснување на мерките против ковид-19, иако остатокот од Шпанија и Европа воведуваат построги мерки за борба против третиот бран на инфекцијата.
Австрија следната недела ќе го олесни заклучувањето и ќе премине на полициски час и ќе ги отвори училиштата, продавниците, музеите, галериите и зоолошките градини.
„Епидемиолошкиот проблем е јасен. Би било најбезбедно да останеме во карантин“, рекол канцеларот Себастијан Курц на прес-конференција по состанокот со научни експерти, влијателни провинциски гувернери и опозициски партии.
„Но, ние знаеме дека има потреба децата да се вратат на училиште, треба да се стори се’ што е потребно за да се одржи невработеноста што е можно пониска, и тука секако има економски, социјални и психолошки аспекти кои мора да се земат предвид сметка“, додал Курц.

Продолжува на следната страна


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ГИ НАСМЕАЛ ГЛЕДАЧИТЕ – Водителот на РТС се „телепортирал“ во студио за време на преносот на СП: „Сепак, не ја плаќаме претплатата за џабе!“

Водителот на Радио-телевизијата на Србија (РТС) стана хит на социјалните мрежи откако се „телепортираше“ во …