ЈП Комунална хигиена – Скопје со апел: Граѓаните совесно да го одлагаат отпадот од заштитната опрема

Во текот на изминатите неколку месеци, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје се соочуваат со големо количество отпад од заштитни маски и ракавици што граѓаните го исфрлаат на јавните површини или пак несоодветно спакуван го одлагаат во садовите наменети за комунален отпад. Употребените заштитни маски особено претставуваат потенцијален извор на зараза и согласно епидемиолошките препораки, овој тип на отпад треба да биде одложен уредно спакуван во двојни кеси.


ЈП Комунална хигиена-Скопје го третира отпадот од заштитна опрема како комунален отпад и граѓаните слободно смеат да го одлагаат во садовите поставени на јавни површини, без разлика дали станува збор за надземни и подземни контејнери, канти или корпи за отпадоци.


Но, до жителите на градот Скопје апелираме употребените заштитни маски да ги одлагаат правилно и совесно и тие да бидат соодветно спакувани, со цел да се заштити здравјето на вработените во Претпријатието коишто секојдневно доаѓаат во контакт со овој потенцијално контаминиран отпад и воедно да се намали ризикот од ширење на вирусот Ковид-19.“- изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …