(ФОТО) Наградуваниот автор на „Симпсонови“ починал од корона вирус

За епизодата „Eternal Moonshine of the Simpsons Mind” nе награден со Прајмтајм Еми во категоријата за „Извонредна анимирана програма“
Марк Вилмор, продуцент и комичар, почина на 57-годишна возраст откако ја загуби битката со коронавирусот.
Веста за неговата смрт ја објави на Твитер, во неделата вечерта неговиот брат, исто така познат комичар Лери Вилмор.
„Мојот драг брат Марк Едвард Вилмор, почина синоќа додека се бореше со коронавирус и други здравствени проблеми од кои страдаше со години. Тој беше најмилата, најнежната, најсмешната и најхрабрата личност што ја познавав. Те сакам братче“, напишал Лери.

Марк беше еден од авторите на анимираната серија со најдолг рок „Симпсонови“, за која напиша 12. епизоди од 2002. до 2015 година. За епизодата „Eternal Moonshine of the Simpsons Mind“, тој беше награден и со Прајмтајм Еми во категоријата за „Извонредна анимирана програма“.
Тој се прослави како еден од авторите на хумористичната серија „In Living Color“ во деведесеттите години, а работеше и на сериите „The PJs“ и „F Is for Family“, пренесуваат странските медиуми.

Фото:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Петар Петковски, попознат како Бојан во серијата „Фамилијата Марковски”, со престижна номинација на Сараевскиот филмски фестивал

Младиот актер Петар Петковски кој ја толкуваше улогата на Бојан во македонската ТВ-серија „Фамилијата Марковски” …