СРЕЌНИК – По шести пат добил на Лотарија!

Маж од Ајдахо добил на лотарија – по шести пат.
Маж од Меридијан, Брајан Мос освои 250.000 американски долари во четвртокот на грепка, објавила лотаријата во Ајдахо, со што ја означил ја шестата добивка, најголема досега.
Мос, кој е сопственик на продавницата „Newko Sport and Nutrition“, рекол дека редовно игра на лотарија затоа што знае дека тоа им користи на училиштата во Ајдахо. Имено, дивидендата од лотаријата во Ајдахо од нејзиното основање оди во т.н. Постојан фонд за градежништво, а за време на историјата на државната лотарија одвоени се 961,5 милиони долари за колеџи и универзитети, пишува Си-Ен-Ен.
„Горд сум што помагам во давањето подршка на јавните училишта во Ајдахо, па затоа навистина играм“, рекол Мос во изјавата.
Тој исто така рече дека планира да ги издвои своите добивки за да ја школува својата ќерка.

Фото: Скриншот

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …