Во светот постојат неколку нови соеви, но постојат две јасни закани: Б117 и Б351, еве и зошто!

Првата закана се вика Б117, откриена е во Англија во декември 2020 година, најновите истражувања покажуваат дека е за 70% позаразна и 30% посмртоносна, а се проширила во 70 земји низ светот, а ја има и кај нас.
Во светот се појавија нови видови на коронавирус, и повеќе видови на овие соеви.
„Не треба да се плашиме, но треба да се сфатат како закана и да не се релаксираме“, изјавил за RTL Лука Цицин Шаин, вирусен имунолог од Хелмхолц центарот за инфективни истражувања.

Б117 посмртоносен од ковид 19
Првата закана се вика Б117. Откриен е во Англија во декември 2020 година. Најновите истражувања покажуваат дека е за 70% позаразен и 30% посмртоносен и се проширил во 70 земји низ светот, а го има и кај нас, а тоа лице кај кого што е откриено починало после 4. дена минати во приватна болница.
„За да се заштитиме од опасност, мора да преземеме дополнителни чекори за зајакнување на граничните контроли и со тоа да го запреме увозот на нови видови на вирус во земјата“, рекол британскиот премиер, Борис Џонсон.
Англија, која веќе со недели е под строги мерки, успеа да го намали бројот на новозаболени за 17%. Џонсон решил да забрани патување од 22 земји, а слична одлука се случи и во САД – забрана за патување од понеделник за земјите од Европската унија, Велика Британија и Бразил.
„Ако сојот на вирус кој има поголем степен на пренесување стане доминантен, ќе се соочиме со голем предизвик во спречување на вирусот што брзо се шири“, рекол Ентони Фаучи од Американскиот национален институт за инфективни болести.

Продолжува на следната страна

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Милка тарт: Чоколадно задоволство готово во момент!

Комбинација на лешници и чоколадо која одзема здив… Состојки: 200 г мелени бисквити 100 г …