(ВИДЕО) Новиот облакодер во Дубаи ќе биде чудо на архитектурата

Дубаи е град на луксуз и облакодери, а сега ќе добие вистинско чудо на архитектурата. Турските архитекти планираат да изградат висока зграда што ќе може да се врти.
Генијалците од турското студио „Hayri Atak“ дизајнираа облакодер што потсетува на некаква креација од филмови со научна фантастика.
Инспириран од ветерници, облакодерот, кој би се вртел со силата на ветер, бил составен од три дела во форма на ленти, кои би се вртеле со постојана брзина околу централната оска.
Без оглед на ветерот, облакодерот би ротирал на секои 48 часа, нудејќи им на своите патници поглед на Дубаи во сите правци – исто како што е случај со многу ресторани кои имаат ротирачки тераси. Така, облакодерот би генерирал електрична енергија. Исто така, на кровот е предвидено место за слетување на хеликоптери.

Продолжува на следната страна

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Marella Stories: Катерина Ангеловска за успехот, духовниот развој, и нивното влијание на нашиот стил

Marella Stories ги истакнуваме успешните дами кои се познати не само по своите достигнувања, туку и …