(ВИДЕО) Лекарот на Марадона на удар – се појавила снимка: „Дебелиот умира!“

Смртта на Диего Армандо Марадона се уште е под превез на мистерија, неврохирургот Леополдо Луке е обвинет за несоодветен третман, а сега излезе и аудио-снимка од контроверзен разговор.
Порталот „Infobae”“ објавил транскрипт од разговорот помеѓу Луке и психијатарот Августина Косачова, кој се случил во последните моменти од животот на Диего.
Автентичноста на снимката е, се наведува, е потврдена од медиумите во Аргентина, а самиот разговор носи прилично грд тон за најдобриот фудбалер на сите времиња.
„Не грижи се, сега сум на автопат. Велиш дека ти изгледа мртов? Објави дека е мртов“, рекол Луке во паника некому со упатства по улиците по кои некој го вози, велејќи патем дека „дебелиот ќе се посере  и ќе умре“.
Биле разменети и аудио пораки, Августин во една му рекол на Луке дека сами го оживувале Диего,10. до 15. минути, бидејќи брзата помош доцнела.
Тогаш повторно се слушнал Лука, кој влегол во собата.

„Диего беше студен, многу студен. Се обидовме да го оживееме и да ја подигнеме температурата, но не успеавме. Излегов од собата, тие не ми кажуваат ништо, па заминав“.

Ќерките на Марадона веќе го обвиниле Луке за несовесно постапување, додека Леополдо се бранел велејќи дека нема што да крие.
„Сите бевме собрани за да на Диего му биде подобро, лекарите, јас, неговото семејство. Ништо не можеше да се направи без негова волја. Баравме решение за таблетите што ги пиеше и како да го контролираме внесувањето на алкохол. Немаше медицински критериуми за да се задржи Марадона во болницата. Можевме да го однесеме во центар за рехабилитација, но ни требаше Диего кој беше добар. Тоа беше негова одлука“, рекол Луке.
Потоа, тој инсистирал на тоа дека лекарите во болницата не погрешиле кога го пуштиле.
„Нема одлуки, туку медицински критериуми. Кога оперирате пациент, критериумите за испуштање зависат од пациентот. Ова не е медицинска грешка. Тој имаше проблем со срцето што беше можно кај пациенти како него. Сè што можеше да се направи е да се намалат ризиците, но можноста не може да се блокира целосно. Имам целосна соработка со аргентинското здружение на неврохирурзи дека Диего имал потреба од операција. Шест лекари го прегледале. Смртта нема никаква врска со операцијата“, додал аргентинскиот лекар.


Тој исто така рекол дека Марадона не сака да оди на рехабилитација.
„Тој беше отпуштен по операцијата. Идеално би било да одеше на рехабилитација, но тој не го сакашр тоа. Успеавме да му обезбедиме сестра, да биде со него, но тој со себе ја имаше отпустната листа. Се обидовме да го задржиме на клиниката, но ова не е центар за рехабилитација, го продолжив болничкото лекување колку што можев. Јас сум целосно на располагање на Министерството за правда. Со Диего направив најдобро што можев, немам што да кријам“, заклучли д-р Луке.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …