(ВИДЕО) Вака изгледа ВАР во 10. минута на продолжението кога газда на клубот е пратеник во парламентот

Вчера на Натпреварот за шампион во кувајтската лига, веројатно е забележана најлошата одлука откако во светскиот фудбал се користи ВАР.
Ал Кувајт го победил Ал Сахел со 3-2 на гостувањето од пенал во 11-та минута од судиското продолжение, иако во 87-та минута губеле со 2-1. На домаќините им бил исклучен играч во 77-та минута, во 87-та примиле гол за 2:2, а во 101-та минута Насер им донел победа на гостите по комично досуден пенал.
Играчот на Ал Кувај го минал голманот во шеснаесетникот, а потоа замавнал во празно и паднал во тревата. Судијата досудил пенал во истата секунда, а потоа, за сè да биде регуларно, отишол да ја гледа снимката.

До екранот за ВАР поминал покрај неколку луѓе меѓу кои бил и Калид Ал Ганим, сопственик на Ал Кувајт, кој е член на државниот парламент. Пред да ја погледне снимката, судијата подели уште неколку жолти картони, а потоа се загледал во екранот.
Таму било јасно дека гостинскиот играч бесрамно симулира, но судијата мртов ладен ја потврдил својата одлука и покажал на белата точка.

Фото: Скриншот/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …