ЈА ПОДРЖУВААТ ИДЕЈАТА – Некои носат дупли маски со надеж дека повеќе ќе ги штитат: Еве што за тоа мислат стручњаците епидемиолози

Од почетокот на пандемијата, се потенцираше важноста на носење маска додека со одржување растојание и хигиена на рацете. Епидемиологот Фаучи поддржува носење 2. маски истовремено, особено со новите варијанти на коронавирус.


Американските здравствени власти долго време ги советуваа луѓето да носат трислојна маска од платно, хируршка маска или маска N95 за да се заштитат од ковид-19.
Но, некои, вклучително и многумина на неодамнешната инаугурација, ги удвоија своите маски за да создадат дополнителна заштитна бариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The White House (@whitehouse)

Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи ја поддржува оваа идеја за носење две маски истовремено. Тој смета дека е добра идеја, особено сега кога се појавија нови варијанти на коронавирусот, кои за првпат беа откриени во Велика Британија и Јужна Африка.
„Ако имате само еднослојна маска, ставете уште еден слој, тоа би можело да биде поефикасно“, рекол Фаучи.


Видот на маската на која ќе додадете уште еден слој ќе влијае на нивото на заштита. На пример, подобро е да користите двослојна ткаенина за надворешниот слој на маската, и хируршка за внатрешниот слој, наместо да носите истовремено две маски.
Со трислојна маска, секој слој има своја намена: надворешниот слој штити од капки, средниот слој филтрира, а внатрешниот слој апсорбира течности како плунка и пот.


Друг начин да се користи двоен слој може да биде употреба на платнена двослојна маска со штитник за лице или визир, иако постојат некои докази кои сугерираат дека маската е поефикасна од штитникот.
Службениците за јавно здравје продолжуваат да забележуваат дека треба дасе одржува социјална дистанца, редовно да се мијат рацете и да се избегнуваат собири во затворено, пишува Business Insider.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Милка тарт: Чоколадно задоволство готово во момент!

Комбинација на лешници и чоколадо која одзема здив… Состојки: 200 г мелени бисквити 100 г …