Мажи, проблемот со ќелавоста е решен! Научниците пронашле лек!

Иако тврдат дека ќелавоста е одраз на мажественоста, опаѓањето на косата кај мажите може да биде многу трауматско искуство.
Тогаш не ги тешат ниту истражувањата за тоа дека ќелавите мажи се поинтелигентни од оние со коса. Една нова студија може да го реши проблемот со кој се соочуваат дури половина од мажите, засекогаш.

Губење на косата и годините
Повеќето мажи почнуваат да губат коса дури по педесеттите години, но има многу кои се соочуваат со овој проблем веќе во дваесеттите години.
Имено, дури 50 проценти од мажите во еден период од животот почнале да ќелават, а причините се различни, од стареење до генетика, болест или хормони.
Научниците од Универзитетот во Калифорнија сега, преку тестови врз глувци, откриле нов начин кој го стимулира растот на косата. Истражувањето е објавено во списанието „Nature“ и откриено е дека клетките на влакната се многу поразлични од другите клетки на кожата на телото. Истражувањата покажале дека со зголемување на производството на лактат во клетките на косата, фоликулите на косата се обновуваат и почнуваат повторно да растат.

Овие клетки произведуваат соединение наречено пируват, што е всушност глукоза, која доколку се испрати во митохондријата на клетката, всушност може да помогне во растењето на косата.
„Нашите согледувања за метаболизмот на матичните клетки на фоликулите на косата нè поттикнаа да испитаме дали се намалува генетскиот влез на пируват во митохондриите и дали зголеменото производство на лактат во клетките на косата би поттикнало побрз раст“, рекла Хедер Кристофк, една од авторите на истражувањето.
Истражувањето било спроведено врз глувци, од кои некои произвеле лактати, додека други не.
Групата глувци кои немале лактат имале проблеми со раст на косата, додека групата со лактати имала зголемен раст на косата. Врз основа на тоа, научниците произвеле два различни лекови кои помагаат во производството на лактат, но сè уште не се тестирани на луѓе.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Славниот комичар позитивен на коронавирус:„Не го сакате ова, вакцинирајте се!“

Американскиот комичар Крис Рок во неделата објави дека е позитивен на коронавирус и ја искористи …